Олимпискиот пламен пристигна во Русија
7 октомври 2013„Со преземањето на Олимпискиот пламен започнува одбројувањето“, изјави шефот на Организациониот комитет, Дмитри Чернушенко. Штафета од велосипедисти и над 200 мотоциклисти го придружуваше Олимпискиот оган од аеродромот до Црвениот плоштад, каде го очекуваа илјадници луѓе. За време на свеченоста, пламентот во презеде рускиот претседател Владимир Путин ( на фотографијата).
Но, токму во Кремљ се случи непријатност, кога еден 60-годишен екс-олимпиец го носеше Олимпискиот пламен низ рускиот центар на власта, тој згасна. Атлетичарот беспомошно гестикулираше, но продолжи со трчање. Факелот потоа беше повторно запален со запалка од член на организаторите. Среќа во несреќа - на Црвениот плоштад се‘уште гореше оригиналниот пламен од Грција, од кого може да биде запален факелот на натамошните етапи.
Од денеска Олимпискиот пламен на рацете на 14 илјади спортисти ќе помине пат од 65 илјади километри низ Русија. Тој ќе биде испратен дури и во вселената, до експедиција на Северниот пол и на дното на Бајкалското езеро. На 7. февруари ќе стигне на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи на Црното Море, каде ќе гори до крајот на Игрите.