1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОЕЦД предупредува од криза на светската економија

БГ/миа28 ноември 2012

Организацијата, во најновиот извештај, укажува дека најголема опасност за развој на светската економија се финансиската криза во Европа и судирот околу буџетот во САД

https://p.dw.com/p/16qwy

Растот на светската економија следната година значително ќе забави, а должничката криза во еврозоната „моментално претставува најголема закана за глобалната економија“, предупреди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

ОЕЦД во најновиот извештај под име „Економски шанси“ укажува дека се „прогнозира неодлучно и нееднакво заздравување во текот на следните две години“. Организацијата ја намали прогнозата на глобалниот раст во 2013 година на 1,4 отсто, од претходно очекуваното ниво од 2,2 проценти.

Уште една закана за деловната активност во светот е потенцијалното несклучување на договорот за буџетот во САД, што на почетокот на јануари би довело до автоматско стапување во сила на зголемен данок и намалување на буџетските трошоци, освен ако демократските и републиканските членови на Конгресот до крајот на годинава не постигнат компромис за буџетот.

Светските економски шанси за следната година во голема мера зависат од спосбноста на политичките лидери во Европа и САД да го решат проблемот со комбинација на неодржливиот долг и слабите деловни активности, се наведува во извештајот.