1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОЕЦД: На еврозоната и‘ се заканува рецесија!

28 ноември 2011

Дека изгледите во областа на економијата не се розови, се знаеше и досега. Но, ОЕЦД сега и официјално го изусти лошиот термин.

https://p.dw.com/p/13IW1

ОЕЦД ѕвони за тревога: актуелната прогноза на Организацијата за економска соработка и развој гледа исклучителни ризици за глобалниот економски развој. Во извештајот објавен денеска во Париз, таа предупредува дека ако не се сфати сериозно загриженоста на пазарите, се закануваат сериозни нарушувања во економијата и блокирање на кредитите. Проблемите се зголемуваат со тоа што во последно време во тешкотии запаѓаат и државите, чии финансии до сега важеа за релативно стабилни.

„Изгледите ќе се подобрат само ако се делува брзо и одлучно“, истакна главниот економ на ОЕЦД Пјер Карло Падоан.

Според него, за да се спречи опасноста од зараза во еврозоната, нужно е значително зголемување на европскиот фонд за спас на еврото и соработка на Европската централна банка. Потребни се реформи кои ќе се спротистават на „небрежното однесување“, со што се мисли на незапирливото влегување во нови долгови.

NO FLASH Baustelle Arbeiter
Фотографија: picture-alliance/dpa

Друга крупна опасност за светската економија, според ОЕЦД, е ситуацијата во САД. Доколку Вашингтон не најде начин за ублажување на мерките за штедење, кои ќе настапат од 2013 година, можно е економијата да западне во рецесија која нема да може да биде запрена со политички средства. Само во ваков случај ОЕЦД за идната година прогнозира раст во САД и тоа од два проценти.

Мрачни се економските изгледи и за еврозоната. Во овој како и во следниот квартал следи пад на развојот. Дури од вториот може да се смета на позитива, за целата 2012 година сепак се предвидува само стапка на развој од 0,2 проценти за еврозоната. Притоа, во Италија ќе има пад на бруто-внатрешниот производ од 0,5 насто, во Португалија од дури 3,2 проценти, а во Грција од три насто.

Ниту Германија нема да биде поштедена од негативниот тренд. Конјуктурата ќе заживее од средината на 2012 година, а дури во 2013 година ќе бележи посилен раст отколку кај другите членки во еврозоната, со позитива од 1,9 проценти.

Автор: ЖА/ГЧ/дпа/ртре/афп

Редактор: Горан Чутаноски