ОЕЦД: Германија стопанска локомотива во Европа
28 март 2013Германското стопанство ја потврди својата улога како локомотива за стопански пораст во Европа. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во својата најнова прогноза предвидува, дека германскиот БДП меѓу јануари и март се зголемил за 0,6 проценти во одност на претходниот квартал. Во споредба со првиот квартал во 2012 година тоа значи плус од 2,3 проценти. Меѓу април и јуни ОЕЦД предидува натамошен плус од речиси 0,7 проценти во однос на претходниот квартал. Споредбено со истиот квартал минатата година тоа ќе значи плус од 2,6 проценти.
Во другите големи стопанства на еврозоната според прогнозата во првата половина на 2013 година се очекува да продолжи рецесијата или евентуално да има мини пораст.
Стопанството во Франција и Италија опаѓа
Според прогнозата Франција мора да се подготви дека БДП на земјата во првиот квартал повторно ќе опадне и тоа за 0,2 проценти. Меѓу април и јуни сепак може да се очекува пораст од 0,1 проценти. Далеку полоши се изгледите за Италија, која се наоѓа во длабока рецесија.
Со оглед кипарската криза ОЕЦД предупредува на поголем надзор на банките во еврозоната. Главниот економист на ОЕЦД, Пјер Карло Падоан за агеницјата Афп изјави дека „најтежок проблем“ на еврозоната била невработеноста.
Глобалното стопанство, според ОЕЦД се наоѓа во позитивен тренд. Во еврозоната процесот на опоравување сепак ќе трае подолго поради кризата. Според проценките значително подобрување го очекува стопанството на САД. Конкјунктурното опоравување на Јапонија од почетокот на годинава го надминува пак економскиот полет во Германија.