1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од Оскар до книги и музика

4 март 2010

Овој месец се одржуваат бројни настани од културата. Март е главно во знакот на литературата, но има од се` по нешто, од доделувањето на Оскарите, преку саемот на книгата во Лајпциг. На следните страници дознајте повеќе.

https://p.dw.com/p/MJOW
Фотографија: picture-alliance / HB Verlag

Сјајот и гламурот на Холивуд - по 82 пат

Овојпат во март наместо во февруари, доделувањето на Оскарите, како и секогаш, во Лос Анџелес. Но, ќе се слави и во Германија, кога на 7 март ќе се чуе она познатото, А победникот е...

Die Oscar Statue
Фотографија: AP

Оваа година во конкуренција на странски филмови е и австриско-германскиот филм „Бела лента“ на режисерот Михаел Ханеке. Доделувањето на Оскарите минатата година го пренесуваа и некои германски кина, чувството е како речиси да сте биле таму...

Литература во Келн и Лајпциг

Март во Германија е во знакот на книжевноста. Прво на ред е читање во Келн на литератулниот фестивал „Лит.колоњ“, кој се одржува од 10 до 20 март и е една од најголемите манифестации од ваков вид во Европа.

Bücherstapel freies Format
Фотографија: picture alliance/dpa

Листата автори кои доаѓаат е голема, а со тоа и маките на љубителите на пишаниот збор да одлучат каде да отидат. Секако, еден од најмаркантните моменти на фестивалот е средбата со добитничката на Нобеловата награда за литература, Херта Милер и кинескиот уметник Ај Вејвеј. Темата на таа вечер гласи: Колку уметничката војна смее да биде политичка?

Саем на книгата во Лајпциг

Од Келн во Лајпциг, таму на 18 март започнува саемот на книги и трае до 21 март. Повеќе од 2.100 излагачи ќе ги претстават своите автори, новите изданија и програмите. Овојпат ниедна земја не е посебно претставена, а следната година традицијата продолжува со Србија.

Leipziger Buchmesse 2009 - Literaturmeile
Фотографија: picture-alliance/ ZB

Организаторите на саемот сакаат да ја промовираат литературата од Југоисточна Европа, во 2007 година беше поканета Словенија, во 2009 Хрватска. На 18 март ќе биде доделена наградата на саемот на книгата во Лајпциг, меѓу кандидатите е и седумнаесетгодишната Хелене Хегеман, чија книга „Аксолти“ предизвика внимание во медиумите. Паралелно со саемот се одржува и манифестацијата „Лајпциг чита“, која е најголема од ваков вид во Европа.

Училиштето некогаш и сега

Што има ново на пазарот на учебници? Може ли интернет-платформата „Твитер“ да се користи во наставата? Зошто толку многу ученици имаат проблеми со учењето? Тоа се прашањата на дневен ред на саемот за образование „Дидакта 2010“, на кој од 16 до 20 март се собираат наставници и педагози.

Schule gestern und heute zur Didacta
Фотографија: picture-alliance / dpa/dpaweb

Минатата година „Дидакта“ привлече 74 илјади посетители. Со илјада манифестации во текот на пет дена, ова е најголемиот саем за образование во Европа. Не се одржува секоја година во Келн, туку на смена и во Штутгарт (во 2011) и во Хановер (2012).

Берлин-музика во март

Во Берлин кон средината на месецот ќе може да се чуе необичен свет на звуци. „Утопија“, гласи мотото на деветтиот фестивал „Музика во март“.

Philharmonie Zielona Góra Musikfesttage 2009
Фотографија: Musikfesttage 2009

Тоа е фестивал на актуелна музика, во организација на Берлинскиот комитет. Кулминација сигурно ќе биде настапот на Вајмарската државна капела во Берлинската филхармонија. За „Утопија“, дело на композиторот Томас Кеслер, музичарите посебно се подготвија, секој има лаптоп компјутер и појачало крај себе. Со нив музичарите можат да ги изменат звуците на своите инструменти. Едноставно свирење на виолина и виолончело? Тие времиња поминаа!

Најубавиот музеј на светот

На крајот на јануари во Есен беше отворена новата зграда на Музејот „Фолкванг“. Дали е навистина најубава на светот, тешко е да се каже. Факт е дека музејот пред војната имаше спектакуларна збирка на модерна и современа уметност. Од тој период потекнува изјавата на Пол Закс, еден од основачите на музејот на современа уметност во Њујорк, МОМА.

Flash-Galerie Museum Folkwang Essen
Фотографија: picture alliance/dpa

Патувајќи по Германија, на почетокот на триесеттите, Закс рече дека „Фолкванг“ е најубав музеј на светот. Тоа е водено насловот на првата специјална изложба во новата зграда. Со доаѓањето на нацистите на власт во 1933 година, завршил златниот период на музејот, збирката била растурена, многу дела конфискувани. Сега збирката за првпат е повторно реконструирана и може да се види од 20 март до 25 јули оваа година.

Автор: Петра Лембек/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска