1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од ИСС истекува амонијак во вселената

ЕМФ/ард11 мај 2013

Меѓународната вселенска станица ИСС соопшти дека има „голем проблем“ - во системот за ладење има дупка од која истекува отровен амонијак во вселената. Дефектот денеска треба да го отстранат двајца астронаути.

https://p.dw.com/p/18W4t
Фотографија: picture-alliance/dpa

Рускиот експерт задолжен за ИСС, Владимир Словјов, за агенцијата Интерфакс изјави дека проблемот е „многу сериозен“. Според командантот на ИСС Крис Хедфилд, поправката ќе биде реализирана уште денеска (11.05).

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека доколку дупката не може да се затвори, енергетскиот систем на ИСС ќе мора да се исклучи цели 48 часа. Сепак, и НАСА и Руската вселенска агенција нагласија дека ниту станицата ниту екипажот не се во опасност.

Атсронаутите, како што соопшти НАСА, на ИСС откриле „мали бели снегулки“ кои се знак дека има дупка во системот на ладење и дека истекува отровен амонијак. Поради дефектот, можно е да се одложи враќањето на тројца членови на екипажот од Меѓународната вселенска станица, се вели од руски извори.