1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од зборови треба да се премине на дела

28 септември 2006

Германската европратеничка Дорис Пак, која е и претседател на Комисијата за односи со земјите од Југо-источна Европа на Европскиот парламент во интервју за програмата на Македонски јазик на Радио Дојче Веле, е убедена дека проширувањето на Европската Унија ќе продолжи. Останатите балкански земји ќе го следат примерот на Романија, Бугарија и Словенија. Но тие ќе мораат да ги исполнат сите услови, пред да ст

https://p.dw.com/p/Adbz
Фотографија: dpa

анат членки. Истовремено Унијата ќе треба да се реформира.

Г-ѓо Пак, Бугарија и Романија ќе станат членки на Европската Унија на 1 јануари 2007 година, со тоа еден дел од Балканот вистински ќе стане составен дел на Европската Унија, што сега со другите земји од Балканот.

И тие ќе следат. Откако ќе ги исполнат условите, но тие треба да го направат тоа на подобар начин од тој на Романија и Бугарија. Тие ќе следат. Знаете не се само Романија и Бугарија, Словенија е веќе членка и од 1 јануари 2007 година, таа ќе стане дел од Евро зоната. Тие треба да го следат патот и се разбира да ги исполнат условите.

Изјавите на претседателот на Европската комисија во Берлин, повторени потоа во Брисел, за запирање на процесот на проширувањето по приемот на Бугарија и Романија, предизвикаа незадоволство и загриженост посебно во Загреб, но и во другите балкански земји. Дали ваквите изјави се добри за моралот на овие земји?

Не. Навистина тоа требаше да се направи на поинаков начин, бидејќи самата содржина е коректна. Ние треба навистина да се реформираме внатре во ЕУ, за тоа не постојат сомневања. Тоа ќе се прави додека другите се подготвуваат за членство, значи нема запирање и се продолжува со процесот на проширување. Во наредните месеци и најверојатно за до две години, ние ќе ја реформираме Европската Унија. Јасно е дека нема ниту една земја од регионот која ќе може да стане членка во 2007 или 2008 година.

Тоа не ја исклучува ниту Хрватска, ниту Македонија, ниту другите земји, бидејќи ние сега брзаме да го надополниме изгубеното време по неуспешните реферндуми во Франција и Холандија за Европскиот устав.

Сигурно е, дека јас немаше да го кажам тоа на начинот на кој го кажа Баросо. И ако ја слушавте Госпоѓата Меркел, таа не го кажа тоа на ист начин. Таа рече дека треба да се размислува и да се подготвуваме да прекинеме со идеите дека треба да се прошируваме уште повеќе. Таа јасно рече дека тоа не се однесува на Балканот.

Потребно е да се слуша најголемата земја во Европската Унија. Госпоѓата Меркел многу убаво има сватено дека Балканот, кој засега останува се уште надвор од Унијата е од голема важност за неа. Доволно е да ја погледнеме картата, од 2007 сите овие земји ќе бидат опкружени со земји членки на ЕУ. Не можеме да оставиме една дупка, во спротивно ќе паднеме во неа. Тие треба да ги исполнат условите и ние треба да им помогнеме.

Изјавите на Баросо не треба да се сватат премногу сериозно, тоа што тој го рече е повик за внатрешни реформи на Унијата.

Која е позицијата на Европскиот Парламент и посебно на Комисијата за сорабтока со земјите од Југо-Источна Европа во однос на проширувањето?

Најголемиот број од европратениците имаат исто мислење како моето. Односно, потребно е да се почитуваат ветувањата дадени на Солунскиот самит. Ние правиме се за да тие се приближат кон ЕУ, но тоа не е само наша работа. Пред се тоа е работа на земјите кои сакаат да станат членки. Ние им помагаме со финансиска помош како програмата КАРДС, накратко правиме се што е можно да се направи, сега навистина им преостанува на балканските земји да го направат потребното.

Но, едно е јасно, нема да им дозволиме да пристапат во ЕУ, ако не ги имаат исполнето условите. Бугарија и Романија се последните, за кои е направен исклучок, бидејќи тоа им беше ветено. Повеќе не може однапред да се даваат датуми, тоа е глупаво. Ние не можеме да знаеме однапред дали тие тогаш ќе бидат подготвени или не. Романија и Бугарија последниве неколку месеци успеаа да надополнат многу од заостанувањето, но тоа не доволно. Не можам да му објаснам на моите избирачи дека прифаќаме земји кои не ги исполнуваат условите.

Вие сте оптимистка околу реформите на ЕУ, за нив предвидувате две или три години. Но што ќе се случи ако ЕУ не успее да постигне согласност. Тогаш, дали ќе се продолжи или ќе се запре со проширувањето?

Не, нема да запреме. Денешните зборови се многу тешки, бидејќи сакаме да се присилиме самите себе си, за да го надополниме изгубеното време.

Сигурна сум дека за една или две години реформата ќе биде завршена. Таа ни е потребна. Ние сме приморани по широкото проширување да си дадеме инструменти за нормално функционирање. Следните две години ќе бидат многу важни, лидерите на нациите тоа конечно го сватија. Мислам дека ќе успееме, и ви гарантирам дека проширувањето нема да запре. Истовремено, додека ние се реформираме ќе продлжат преговорите со Хрватска. Јас сум оптимистка и затоа не треба да се земаат како сериозни сите зборови, кои се повеќе наменети за внатре во Унијата.

Г-ѓо Пак што треба да направи Македонија?

Македонија треба да направи уште многу. Таа има донесено многу реформи, проблемот е во тоа што сега тие треба да се спроведат. Се надевам дека новата влада ќе се посвети на таа задача и ќе направи се што треба за да може да ги отпочне преговорите. Не можам да кажам кога ќе почнат преговорите, не сум јас таа која ја дава или не согласноста. Мислам дека добрите врски кои новата влада ги има воспоставено со политичарите од Европа, можат да им помогнат за тоа што треба да се направи.

Сега е потребно да се сочека и да им се даде време, бидејќи само што дојдоа на власт. Тие кои што ја напуштија власта ги оставија во наследство договорите и реформите. Но тоа се само зборови, сега треба навистина да се зафатат на работа со нив. Мислам дека тоа добро го сватија и ние ќе им помогнеме.

Тони Гламчевски