Од декември директен лет Скопје-Берлин
30 септември 2013Авиопедиа ја отвори зимската сезона, промовирајќи го новиот директен лет Скопје-Берлин. Покрај веќе постоечките дестинации, како што се Цирих, Диселдорф и други, кои ги нуди Авиопедиа, сега и од скопскиот аеродром сите заинтересирани ќе можат да го посетат главниот град на Германија, светскиот центар на културата, историјата и науката, град познат по архитектурата и богатиот културен живот, како и добро познатиот ноќен живот, по најповолни цени.
Летовите Скопје – Берлин се редовни и директни. Почнувајки од 20 декември 2013 година линијата ќе оперира секој понеделник и петок. Цените на авиобилетите се поволни, а во нив се вклучени и багаж од 20 кг + 5 кг во кабина и сите такси и даноци, без дополнителни надоместоци и скриени трошоци, информираат од компанијата.