1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одобрено нови сретства за американските воени ангажмани во Ирак и Авганистан

25 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anvc

Американскиот Конгрес одобри дополнителни финансиски сретства за воените акции во Ирак и во Авганистан. По претставничкиот дом сега и Сенатот даде зелено светло за дополнителнителниот воен буџет од 120 милијарди долари. Сретствата се одобрени, без притоа да биде одреден рок за повлекување на американските војници од тие земји, како што првично бараа демократите, кои имаат мнозинство во Конгресот.