Одложен процесот во Либан
18 април 2007Реклама
Под засилени безбедносни мерки во Либан продолжи и веднаш потоа беше повторно одложен процесот против едно од осомничените лица за подметнување на куфер бомби во германскиот град Келн и уште три други лица обвинети за соучесништво.Постапката против младите Либанци започна пред една недела во суд во Бејрут . Првообвинетиот пред процесот призна дека во јули 2006-та година во Келн оставил куфер-бомба во еден воз. Другиот осомничен подметнувач на куфер-бомба го очекува судски процес во Германија.