Одложени мировните преговори за Дарфур
29 октомври 2007Реклама
Поради бојкотот на најважните бунтовнички групи , одложени се мировните преговори за кризниот регион Дарфур што требаа да се одржат во местото Сирте во Либија . На бунтовниците им е дадено дополнително време да се подготват за директни преговори со владата на Судан, која претходно поргласи едностран прекин на огнот во Дарфур. Британскиот премиер Гордон Браун во меѓувреме ги повика бунтовничките групи од Дарфур што е можно побргу да се приклучат на преговорите:
Ова е критичен и одлучувачки момент за Дарфур и апелирам до сите страни , да дојдат на разговорите што се одвиваат во Либија . Истотака и аплаудирам на владата на Судан за примирјето и ги повикувам сите страни да се вклучат во него-истакна Браун.