Одликувана фудбалската репрезентација на Германија
14 август 2006„Сите беа и се горди на оваа екипа, на германската репрезентација 2006, поради нејзиниот стил и настапот, поради фантастичните натпревари, и за третото место со заслужената победа во Штутгарт. Но, можеби и затоа, што навивачите на оваа екипа, млада каква што е, очекуваат уште нешто„.
На предавањето на одличјата не присуствуваа поранешниот сојузен тренер Јирген Клинсман, како и фудбалерите: капитенот Михаел Балак, голманот Оливер Кан, потоа Роберт Хут и Себастијан Кел. Претседателот Келер уште дополни: „Бидејќи не можам да се искажам подобро, ќе речам како Сеп Хербергер: следниот натпревар е секогаш најтешкиот. Ви посакуваме, господине Лев и Вам сите мои господа, се’ најдобро и многу среќа. Но, денеска се радувам што можам да ви го доделам ’Сребрениот лаворов венец’ како одликување на претседателот за извонредните спортски постигања на светското фудбалско првенство 2006.“