1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Овошни бонбони како национални знамиња

Елке Шваб/ Александра Трајковска 1 јули 2012

Во стариот дел на Гдањск Флoријан Белгард рачно произведува овошни бонбони. Месецов во тренд се бонбоните во националните бои на фудбалските репрезентации учеснички на Европското првенство.

https://p.dw.com/p/15L2l
Фотографија: Benjamin Wüst

Овошни бомбони во националните бои на учесниците на Европското фудбалско првенство. Изработени рачно во полскиот град Гдањск, од еден германски производител на бонбони, кој на овој начин сака да ги заслади фудбалските фанови на Европското првенство.

Во пешачката зона во стариот дел на Гдањск, Флоријан Белгард пред седум години отвори мануфактура за бонбони, каде може да се гледа како од безбојната шеќерна маса настануваат шарени бонбони. За време на Европското првенство се работи во двојни смени.

„Првите побарувања за бонбони, токму за Европското првенство дојдоа уште за Божиќ, а со продукцијата започнавме три, четири недели пред првенството. Потоа ги направивме бонбоните за екипите кои играа овде во Гдањск и се разбира направивме бонбони за Германија. Сега имаме постпродукција и се надеваме дека Германците ќе играат во финале“, вели Белгард.

За да се напрват бонбоните за Германија потребна е шеќерна маса загреана на 160 степени целзиусови. Германските национални бои, црно - црвено - златно настануваат од бои за прехранбени производи, а вкусот е на малина.

Да се прават бонбони е тешка работа. Осум килограми шеќерна маса се протегнува. „Овде го растегнувам шеќерот, со растегнувањето навлегува воздух. Воздухот го менува шеќерот: шеќерот станува бел, тоа се гледа. Тоа е поради тоа што светлината поинаку се прекршува преку оваа шеќерна маса. Вториот ефект кој го имаме е што шеќерот има подобар вкус со протегнувањето. Во т.н. воздушни комори пак аромата подобро доаѓа до израз“, истакнува Белгард.

Слатко во сите можни вкусови и бои - тоа ги заведува и децата и возрасните. Флоријан Белгард постигна успех со неговата мануфактура за бонбони, и во Полска веќе отвори четврта продавница. Концептот да се вкуси пред да се купи зачинет со шоу се чини е добредојден кај муштериите.

Süßwaren Schokolinsen
Фотографија: Fotolia/Olivier DELAYE

Да се формираат букви и да се напишат цели зборови во една единствена бонбона, тоа е висока уметност. „Јас сум уметник, фризер. Се разбира радо сакам да имам резултат. Тоа е поубаво отколку да работиш со машини. Се разбира има произведувачи на бонбони, кои работат на машини, таму се притиска на копче, и на крајот се добиваат готови бонбони. Кај нас секогаш е мало изненадување. Со тоа што рачно работиме, никогаш не се знае дали се извртени буквите? Ќе изгледа ли јаготката како што треба да изгледа или потоа ќе мораме да ја продаваме како малина? Тоа е така“, смета Белгард.

Буквите за „Џермани“ се обвиткани во националните бои, потоа се сукаат и на крајот се тегне огромната бонбона. Дури сега гледачите сфаќаат што се создадело преку рацете на произведувачот на бонбони.

„Започнуваме со 160 степени целзиусови, и сега ќе скршам овде, црно - црвено - златно - Џермани. Точно е?“ ги прашува Белгард посетителите во мануфактурата.

На произведувачот на бонбони му е потребен еден час за да произведе 10 килограми бонбони во боите на Гермaнија. А потоа на ред е наредната фудбалска нација.

Бонбони за европското фудбалско првенство со вкус на овошје, на кои неможе да им се одолее сеедно дали сопствениот тим ќе победи или не.