1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ова е „Новинарската фотографија на годината“

11 февруари 2012

Фотографија, која ја отсликува „Арапската пролет“, е избрана за Новинарска фотографија за 2011 година. Таа пренесува емоционални моменти на една состојба, која се развиваше, смета жирито.

https://p.dw.com/p/141to
Фотографија: dapd

Фотографијата на шпанскиот фотограф Самуел Аранда ја докуметира крвавата борба за превласт во Јемен. На неа е прикажана една жена во бурка, која во една џамија во Сана држи во прегратка повреден маж. Фотографијата е направена на 15 октомври 2011 година за врeме на масовните протести против владетелот Али Абдула Салех, кој во меѓувреме се повлече од функцијата. Силите за безбедност есената минатата година пукаа врз демонстрантите, при што повеќемина беа убиени. Божјата куќа се претвори во мобилна болница.

Фотографијата, која ја објави „Њујорк Тајмс“ е репрезентативна „за целиот регион“, ја образложи жирито својата одлука. Таа ги отсликува „Јемен, Египет, Тунис, Либија, Сирија - едноставно се’ што се случи за време на Арапската пролет“. Посебното на оваа фотографија е „приватната, интимна страна“ на еден важен развој. Таа пренесува жива слика за сите обични луѓе кои „со својата храброст придонесоа да се отвори важно поглавје во историјата на Блискиот Исток“.

Samuel Aranda
Авторот на фотографијата Самуел АрандаФотографија: picture-alliance/dpa

Фотографот Самуел Аранда по налог на „Њујорк Тајмс“ престојуваше во Јемен. Оваа земја беше дел од револуционерните движења во арапскиот свет. Избор на фотографија на годината е најважен натпревар за фотографија во светот. Наградата е дотирана со 10.000 евра, а истата ќе му биде врачена на авторот на 21 април во Амстердам.

Фотографите плаќаат висока цена

Последиците од земјотресот и цунамито во Јапонија беа втората важна тема меѓу фотографиите кои учествуваа на натпреварот. Вкупно се наградени 57 фотографи од 24 држави во различни категории. На натпреварот учествуваа дела од повеќе од 5.000 професионални фотографи и преку 100.000 фотографии.

Според жирито со изборот на победничката фотографија им се одава почит на фотографите кои го загубиле животот во конфликтните региони. Во немирите висока цена платија и фотографите, смета жирито. Ова натпреварување за избор на најдобра новинарска фотографија се оддржува по 55 пат.

Автор: АТ/ АМ/ афп/ дпа/ дапд/ едп/ дв

Редактор: Александар Методијев