1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Објавениот резултат од истрагата во случајот Фу Ксианча, чист цинизам

28 јули 2006

Коментар на Петра Алденрат

https://p.dw.com/p/AdzI

Објавениот резултат од истрагата е чист цинизам, бидејќи случајот Фу Ксианча, кинескиот инженер кој во интервју за германската телевизија АРД изнесе критики на изградбата на браната на реката Јанг Це, по што беше брутално претепан, официјално е затворен. Закључено е дека наводно не постојат докази дека неко трет врз него употребил сила. Наместо да трага по сторителите полицијата соопшти дека тој самиот паднал и се повредил. Остануваат отворени прашањата зошто лекарот кој прв го прегледал утврдил дека Фу бил удрен со тежок предмет од зад грб и како можел самиот при падот да се си забие в грб таков тежок предмет.

Но тоа во Кина е секојдневие. Тоа што не смее да излезе на виделина се крие со поддршка на самиот врв. Министерството за надворешни работи во Пекинг оцени дека резултатот од истрагата е официјален и исправен. Друго обајснување нема, иако кинеските власти уште во јуни на германските власти им ветија дека во околината на браната ќе испрати специјален тим кој внимателно ќе го истражи случајот.

Фу Кцианча заради изнесените критики одамна преставува трн во око за локалните власти. Тој се осуди на странска телевизија да зборува негативно за престижниот кинески проект на браната. Оној кој ќе стори такво нешто во Кина е соочен со закана по својот живот.

Најбројната земја во светот во меѓународни рамки се обидува да создаде имиџ на модерен реформатор, додека на домашен терен ги затегнува уздите. Владата истакнува дека човековите права асе гарантирани со уставот и дека тие се почитуваат, иако во реалноста наместо слобода на мислењето владее целосна контрола.

Овој случај не е единствениот во кој се применуваат брутални методи. Неретко организирани групи насилници претепуваат лица кои го критикуваат кинескиот режим. Сторителите на ваквите напади ретко се пронаоѓаат. Покрај тоа интернетот и весниците се под строга цензура. Новинарите кои ќе откријат злоупотреби се отпуштаат од работа или врз основа на банални обвинениа се осудуваат на затворски казни.

Кина се отвора само економски, додека на политички критики комунистичкото раководство делува неверојатно нервозно. Не е ни чудо со оглед на фактот што само во минатата година се регистрирани 84.000 бунтови во кои воглавном населението во селата протестираа против распространетата корупција, огромните штети на животната средина, или самоволното одземање на државното земјиште. Кинеското раководство најмногу стравува од незадоволството на народот. Во историјата на оваа земја династиите најчесто биле уривани низ востание. Заради тоа се владее со цврста рака. Неодамна еден полицаец претепа до смрт новинар само заради тоа што не му се допаднале текстовите за злоупотребите. Тоа беше предупредување и за Фу Ксианча кој воспостави повеќе контакти со странски новинари. Фу ќе остане неподвижен, правдата веројатно никогаш нема да биде задоволена. Кина предизвикува воодушевеност заради економскиот развој. Кога станува збор за слободата на мислењето таа и натаму живее во средниот век.