Обедините нации пред најголем предизвик
3 јануари 2005Анан е задоволен од досегашната готовност за донации, но за овој регион уште долго ќе бидат потребни финансиски средства.
“Со сите разлики на погодените земји, за обновата ќе бидат потребни меѓу 5 и 10 години“.
Години, вели Анан, што ќе и бидт потребни на меѓународната заедница да ги совлада последиците од оваа природна катастрофа. Комплексноста на мерките за помош според него, е енормен предизвик и за Обединетите нации.
“Ова е најголемата катастрофа со која сме биле соочени кога и да е и во која се погодени 12 држави“.
Тој ја подвлече и спонтаната готовност за помош, како и великодушноста на граѓаните и владите:
“Мислам дека ова е извонредна реакција што одамна не сме ја виделе“.
За итна прва помош и за почеток на обновата досега се ветени преку 2 милијарди долари, за само 7 дена повеќе отколку за целата 2004 година за сите кризи меѓу Хаити и Дарфур, и двојно повеќе од годината пред тоа по катастрофалниот земјотрес во Иран. Анан се надева дека за разлика од порано, овојпат помошта побргу ќе стигне до преживеаните, зашто во овој случај станува збор за глобална катастрофа од меѓународен ранг:
“Дали ќе се погледне кон Шведска или Германија – и овие земји се погодени и ги бараат изчезантите лица: реакциите беа меѓународни, но и жртвите се од целиот свет“.
Генералниот секретар Анан денеска тргнува на пат кон кризниот регион за в четврток да учествува на донаторскиот самит во Џакарта.