1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обединетите нации – Кипар

22 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BWl8

Разговорите за надминување на поделбата на Кипар ќе бидат обновени во почетокот на септември. За тоа е постигната согласност меѓу лидерите на кипарските Грци и Турци, Тасос Пападопулос и Мехмет Али Талат, соопштија портпаролите на двете страни. Претставникот на Обединетите нации за Кипар Михаел Мелер обајцата ги покани на разговори на 5 септември, се вели во седиштето на светската организација во Њујорк. Преговорите за повторно обединување на Кипар пропаднаа во февруари 2004 година, кога кипарските Грци на референдум го одбија предлогот на Обединетите нации.