1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обвинителството го товари Писториус за убиство со умисла

АТ/ дпа/ ројтерс19 февруари 2013

Параолимпиецот Оскар Писториус целно ја убил својата девојка и затоа е одговорен за убиство со умисла, смета обвинението. Бранителот на спортистот пак е уверен во трагичен превид.

https://p.dw.com/p/17h2E
Фотографија: Reuters

Државното обвинителство го обвинува Оскар Писториус, параолимписка ѕвезда за убиство со умисла на неговата девојка Рева Стенкамп. Писториус застрелал „невина и невооружена жена“ и има мотив за убиство, изјави државниот обвинител денеска во пледоајето пред суд во Преторија.

Писториус ја убил својата девојка ладнокрвно и со намера. Писториус ги ставил протезите на нозете и минал низ спалната соба, потоа испукал четири куршуми низ вратата на бањата, каде побегнала неговата животна сопатничка Рева Стенкамп, три од нив ја усмртиле девојката, смета државното обвинителство. „Ако се вооружам, минам одреден пат и убијам човек, тогаш тоа е убиство“, рече државниот обвинителот Гери Нил. „Вратата е затворена. Тука нема сомневање. Одам седум метри и убивам. Мотивот е: ’Сакам да убијам’. Така било, а не поинаку“, рече државниот обвинител.

Немало укажувања, кои би го потврдиле исказот на Писториус, дека се сомневал оти во куќата влегол провалник. Со ова државниот обвинител за првпат ги потврди медиумските шпекулации, дека Писториус се сомневал дека во куќата има провалник.

Oscar Pistorius Südafrika Gericht
Оскар Писториус пред судотФотографија: Reuters

Писториус плачеше цело време додека на сослушувањето државниот обвинител го реконструираше делото како убиство со умисла, злосторство за што во Јужноафриканската Република е предвидена доживотна казна затвор.

Бранителот на Оскар Писториус, Бери Рокс го отфрли обвинувањето за убиство со предумисла. Тој аргументираше дека околностите под кои починала Стенкамп изминатиот четврток се’ уште не биле разјаснети. „Се’ што зенаме е дека таа се затворила во бањата и дека е застрелана“, изјави Рокс. Писториус не знаел дека човекот во бањата е неговата девојка. Неговиот мандат пред судот ќе го изнесе настанот од драматичната ноќ.

Адвокатот Рокс ја прочита и изјавата под заклетва на Писториус, во која тој тврди дека немал намера да ја убие неговата животна сопатничка Рева Стенкамп. Адвокатите на професионалниот спортист бараат негово ослободување со кауција. Тие пледираат за обвинение за убиство без предумисла. Обвинителството меѓутоа бара, обвинетиот да остане во истражен затвор до процесот.

Сослушувањето пред судот е предвидено да трае два дена. Во салата, со места за 40 посетители биле присутни повеќе од сто луѓе, пред се’ новинари. Присутни на сослушувањето беа и таткото на Оскар Писториус како и братот и сестрата на спортистот.