1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обвиненија за Либија

27 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BMdw

Палестинскиот лекар кој беше ослободен заедно со петте бугарски медицински сестри по 8 годишниот престој во затвор во Либија изнесе тешки обвиненија против северноафриканската земја. Ашрав Џума Хаџуџ во Софија изјави дека бил изложен на електрошокови, бил тепан и не му било дозволувано да спие. Според него , медицинските сестри пак биле третирани од либиските власти како животни.

„Сите бевме измачувани , но тојца од нас особено тешко“- обвини Хаџуџ . Тој и петте медицински сестри беа осудени на смрт за наводно заарзување на стотици деца со вирусот на Сида. Тие беа ослободени во вторникот по масивните дипломатски напори .