1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама ќе се заложи за Русија

25 јуни 2010

По напредокот во безбедносната политика, САД и Русија сакаат да ја зајакнат и економската соработка. Обама вети дека ќе вложи напори за пристапување на Русија во Светската трговска организација (СТО).

https://p.dw.com/p/O2oI

Најважни теми во разговорите на претседателите Обама и Медведев не беа вообичаените - за ракети, вооружување или безбедносни прашања. Овојпат, во преден план се најдоа економските односи меѓу САД и Русија. Обама беше среќен и поради тоа што можеше да ја објави зделката со авиони, тешка милијарди: „Продажбата на 50 авиони од фирмата Боинг во вредност од четири милијарди долари ќе отвори до 44.000 нови работни места“.

Поатрактивни на светскиот пазар

Symbolbild Russische Flagge mit WTO Logo
Русија мора да стане членка на Светската трговска организацијаФотографија: AP Graphics/DW

Обама нагласи дека е разрешен и спорот за извоз на пилешко месо за Русија, исто така бизнис кој тежи милијарди. Во истовреме, претседателот на САД се заложи за пристапување на Русија во Светската трговска организација: „Русија мора да стане членка на Светската трговска организација. Тоа е добро за Русија, за Америка и за светската економија.“ Русите со тоа очекуваат да добијат поголема атрактивност на светскиот пазар.

Но, тие раговарале и за санкциите кон Иран, кризата на Блискиот Исток, како и случувањата во Кореја и во Киргистан, потврди рускиот претседател Медведев. Притоа, не донесле далекусежни одлуки. Сепак, и покрај пријателството меѓу двајцата претседатели, меѓу двете атомски сили САД и Русија, како и секогаш, постојат несогласувања.

Се‘ уште постојат различни ставови

Barack Obama und Dimitri Medwedew Washington USA
Односите помеѓу Русија и САД значително се подобријаФотографија: AP

„Нашите две држави се‘ уште имаат различни ставови околу одредени прашања, како на пример за Грузија, за што отворено разговаравме. Но, поради тоа што напредуваме во области во кои се согласуваме, ги поставивме нашите односи врз сосема нова основа. Тоа води кон поголема безбедност, регионално и глобално.“, изјави Обама.

Со заедничката посета на еден американско-руски економски форум во Вашингтон, Медведев ја финализираше неговата посета на САД. Тој ќе се види со претседателот Обама уште на светскиот економски самит во Торонто, што ќе биде дури осма средба од почетокот на мандатот на Обама.

Автор: Ридигер Паулерт / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска