1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама ја кани Меркел во САД

БГ/афп9 јануари 2014

Во првиот сигнал за заздравување на нарушените односи поради скандалот со шпионирањето на НСА, американскиот претседател Обама и германската канцеларка Меркел договориле средба во следните месеци.

https://p.dw.com/p/1AneY
Фотографија: picture-alliance/dpa

Американскиот претседател Барак Обама ја покани германската канцеларка Ангела Меркел во посета на Вашингтон во текот на следните месеци, објави Белата куќа по телефонскиот разговор на двајцата лидери. Обама ја повикал Меркел и ѝ посакал брзо закрепнување откако на скијање ја повреди карлицата, како и успешна работа на новата влада.

За време на разговорот станало збор за тековните преговори за трговскиот договор помеѓу ЕУ и САД, како и за следниот самит на НАТО.

Односите меѓу двете земји беа нарушени откако беа откриени информациите за масовното прислушување на НСА на германските граѓани, за подоцна да се открие дека меѓу прислушуваните била и германската канцеларка.

Од кабинетот на Меркел потврдија дека таа ја прифатила поканата за посета на САД.

Според аналитичарите, договорената средба е сигнал дека ниту една од страните не сака скандалот со НСА да ги влоши меѓусебните тесни врски.

„Ова е најдобриот начин да се поправат штетите од аферата со НСА“, вели Стивен Шабо од германскиот Маршалов фонд во САД.

Односите меѓу Обама и Меркел, пред да се случи скандалот, важеа за блиски и срдечни. Двајцата лидери имаа во возвратни посети во 2011 и 2013 година. Приватно, Обама изјави дека Меркел е еден од светските лидери за кого има најголема почит.