1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама се потпира на женската сила

ЖА/дв/дпа/ртре27 март 2013

Специјалните агенти на американската тајна служба првпат во историјата за свој шеф ќе имаат жена. Американскиот претседател Барак Обама ја назначи Џулија Пирсон за директорка на најпознатата телесна гарда во светот.

https://p.dw.com/p/184km
Фотографија: Reuters

Претседателот Барак Обама ја именува Џулија Пирсон за шеф на тајната служба, која се грижи за безбедноста на американските претседатели.

Пирсон е прва жена директор на службата за заштита на претседателот на САД. 53-годишната Џулија Пирсон е родена во Флорида и има 30-годишно искуство во тајната служба. Обама истакна дека Пирсон изградила примерна кариера и ги има сите потребни квалификации за да раководи со агенцијата. Таа на функцијата ќе го замени Марк Саливан, кој се повлече во февруари годинава.

Минатата година Агенцијата беше вмешана во скандал со користење услуги на проститутки во Колумбија. Именувањето на Пирсон не треба да биде потврдено од Сенатот.

Елитната група со која ќе раководи Пирсон брои повеќе од четири илјади соработници, а околу една третина од нив припаѓаат на униформираните единици. Тие го штитат претседателот и неговото семејство, екс-претседателите на САД, како и странските државни гости.

Специјалните агенти меѓутоа се задолжени и за борба против финансиксиот криминал и перењето пари. При формирањето на организацијата во 1865 година тоа всушност била и нејзината главна задача.