Обама предупредува од банкрот
26 јули 2011Реклама
Во говор до нацијата американскиот претседател Барак Обама предупреди од непредвидливи штети ако не се најде решение околу американскиот буџет. Доколку државниот дефицит и натаму расте, ќе има последици по стабилноста на стопанството и работните места. Освен ова за првпат во историјата, постои опасноста да биде намалена кредитната способност на САД, предупреди претседателот.
Демократите и републиканците со недели спорат околу подигање на границата за долговите. Доколку не биде постигнат договор до 2 август САД ќе банкротираат.
Автор: АТ/дв
Редактор: Симе Недевски