1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама обвинува, Кина демантира хакерски напади

ЖА/афп/ртре13 март 2013

Американскиот претседател Барак Обама предупреди од се‘ поголемата опасност од хакерски напади. Според него, Кина поддржува сајбер напади против САД.

https://p.dw.com/p/17wFf
Фотографија: Reuters

„На Кина и на другите државни актери јасно им порачавме дека од нив очекуваме придржување кон меѓународните правила“, изјави Барак Обама во денеска емитуваното интервју за ТВ ЕјБиСи. Обама тврди - зад некои хакерски напади стојат држави, некои ги извршуваат „само криминалци“.

Американскиот претседател најави „прилично тврди“ преговори со Кина и другите околу сајбер-нападите. Истовремено, тој предупреди да не се употребува „воена реторика“ во контекст на хакерските напади. Меѓу нападите во интернет мрежата и во војна постојат големи разлики, смета Обама.

Директорот на националната тајна служба на САД Џејмс Клепер во редовниот годишен извештај пред Конгресот вчера предупреди од растечката опасност од сајбер-напади. Преку шпионажа преку интернет се закануваат штети за тајните информации на американската воена технологија. Освен тоа, хакерите можат да парализираат „важни инфраструктури“, како електрични мрежи или системи за водоснабдување, истакна тој.

Кинеското раководство ги отфрли обвинувањата, истакнувајќи дека Кина самата е жртва на сајбер-напади. Пекинг денеска изрази подготвеност да соработува со САД и други држави против сајбер-нападите.

„Она што ни треба во сајбер-просторот не е војна, туку регулација и соработка“, изјави портпарол на кинеското министерство за надворешни работи.