Обама не верува дека Израел ќе го нападне Иран
6 февруари 2012Обама ова го изјави во телевизиско интервју за Ен-Би-Си. Но, се’ додека Иран не се откаже од својата контроверзна атомска програма, Израел останува загрижен, исто како и САД. Обама ја повтори својата недеж за дипломатско решение на конфликтот околу иранската атомска програма.
На прашање дали Иран има потенцијал да ги нападне САД, Обама одговори:
„Немаме никакви докази дека тие сега имаат такви намери или можности“. Обама додаде дека САД не исклучуваат ниту една од можните варијанти на акции спрема Иран - вклучително и воен одговор, повторувајќи дека Вашингтон сака проблемот да биде решен со дипломатски средства и со учество на меѓународната коалиција.
Американскиот претседател не даде одговор на прашањето дали Израел ќе ги извести навремено САД ако реши да го нападне Иран.
„Нашите држави постојано се во консултации во воената и разузнавачката сфера. Ќе работиме за да се обидеме тој проблем да го решиме, се надеваме, со дипломатски средства“, истакна тој.
Меѓутоа, американскиот министер за одбрана Леон Панета претходно изјави дека Израел веројатно ќе го нападне Иран.
Автор: Жана Ацеска/АМ/дв/ртре
Редактор: Б. Георгиевски