Обама на границата меѓу Јужна и Северна Кореја
25 март 2012Американскиот претседател Барак Обама денеска (25.03) ја посети границата меѓу Северна и Јужна Кореја. Зад блиндирано стакло, американскиот претседател со двоглед десетина минути гледаше кон Северна Кореја.
Претседателот на САД пред американските војници на најтешко чуваната граница на светот изјави: „Вие момчиња сте на границата на слободата“, им се обрати Обама на 50-тината војници во американската база Кемп Бонифас. „Контрастот меѓу Јужна и Северна Кореја не може да биде појасен, поостар, како во однос на слободата, така и во однос на благосостојбата“, додаде тој.
Во Јужна Кореја се распоредени околу 30 илјади американски војници.
Американскиот претседател е во тридневна посета на Јужна Кореја. На програмата, меѓу другото, се и политички преговори со претседателот Ли Мјунг Бак. Утре (25.03) и задутре, Обама во Сеул ќе учествува на меѓународна средба за нуклеарна безбедност, на која ќе учествуваат претставници од 53 земји.
Посетата на Обама се случува во момент на зголемени тензии поради плановите на Пјонгјанг во април да истрела ракета со голем дострел, што може да предизвика прекин на американската хумантирана помош за Северна Кореја. Вашингтон упати критика кон плановите на Северна Кореја, која тврди дека со ракетата во орбитата ќе лансира сателит. Обама има намера на состанокот во Сеул да ги убеди лидерите на Кина и Русија да извршат притисок врз Пјонгјанг, да ги стопира плановите за нови ракетни тестови.