Обама и Далај Лама ја лутат Кина
16 јули 2011Портпарол на министерството за надворешни работи во Пекинг нагласи дека станува збор за мешање во внатрешните работи на Кина и побара Белата куќа да ја откаже средбата. Оттаму, пак, нагласуваат дека со состанокот со Далај Лама, претседателот Обама сака да ја искаже својата поддршка за зачувувањето на уникатниот религиозен, културолошки и јазичен идентитет на областа Тибет.
Кина побара откажување и на претходната средба на Обама и Далај Лама, одржана минатата година и остро ја осуди по нејзиното одржување. Владата во Пекинг го обвинува 76-годишниот нобеловец дека се залага за отцепување на Тибет од Кина. Далај Лама, пак, ги негира таквите обвинувања, нагласувајќи дека се бори за поголема автономија на регионот.
Автор: ТТ/дв
Редактор: Е.М.Фиданоска