1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама го прекина божиќниот одмор за кризна седница

ЖА/дв/дпа/дапд26 декември 2012

Наближива крајот на годината, а на САД им се заканува платежна неспособност. Американскиот претседател Барак Обама смета дека е можен комрпмис со Републиканците во последна минута во споорт околу буџетот.

https://p.dw.com/p/1799U
Фотографија: Reuters

По скратениот божиќен одмор, американскиот претседател Барак Обама сака да го реши конфликтот околу државниот буџет. По неуспешните преговори со Републиканците, Обама се надева сепак на нов компромис.

Ккао што соопшти Белата куќа, Обама од Хонолулу се враќа во Вашингтон, каде Конгресот утре повторно се состанува. Доколку до Нова година не биде постигнато единство во буџетскиот спор, настапува клаузулата според која автоматски даноците масивно се зголемуваат, а давачките се скратуваат. Тогаш, се стравува, ќе настапи нова рецесија со уште полоши последици за стопанството. Американските медиуми јавуваат за т.н „буџетска драма“. Поради краткото време, Обама се надева на помало компромисно решение. Тој апелираше до Републиканците да го напуштат крутиот став:

„Никој не може да добие сто проценти од она што го сака“, истакна Обама.

Главен камен на сопнување и натаму се даноците. Во основа, меѓу Обама и Републиканците постои согласност дека зголемувањето на даноците е отров за и онака заскабнетата економија. Но, Обама опстојува на предлогот поимашните семејства со приходи над 250 илјади долари годишно да плаќаат поголеми даноци.

Во преговорите тој покажа готовност за компромис и ја подигна оваа граница на 400 илјади долари годишно, но Републиканците не се согласни со тоа. Во нивните редови постои во мешувреме и неединство по прашањето за зголемени даноци за супер-богатите со годишни приходи од над еден милион долари. Радикалните припадници на т.н. Ти парти движење одбиваат било какви зголемувања на даноците.