1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама го предупредува Асад

АТ/ дпа/ афп/ ртр27 април 2013

По новите укажувања за употреба на хемиско оружје во Сирија САД го повторија предупредувањето до властодржецот Асад. ОН го повикаа режимот да соработува при истрагата за можните напади со отров.

https://p.dw.com/p/18OBy
Фотографија: Pierre Torres/AFP/GettyImages

Доколку се потврдат укажувањата за употреба на отров, тоа би ја променило положбата и пресметките на владата на САД, нагласи претседателот Барак Обама при разговорот со јорданскиот крал Абдула Втори во Белата куќа. „Со употребата на оружје за масовно уништување против цивили ќе биде пречекорена натамошна линија меѓународни норми и закони. Тоа би ја променило играта“.

Пред повеќе месеци американскиот претседател Барак Обама веќе го предупреди режимот на претседателот Башар ал-Асад дека со употребата на хемиско оружје би ја пречекорил „црвената линија“ и би морал да смета со „консеквенции“. Од што би се состоеле тие, Обама не појасни.

Високи по ранг членови на американсакта влада изминатиот четврток оценија дека е веројатно, дека Сирија „во мали количества“ употребила хемиско оружје. Исто така и британската тајна служба информираше за „ограничени, но убедливи укажувања“. Според американски извори, се споменува нервниот гас Сарин, како „можно“ борбено средство кое било употребено. Обама на средбата со Абдула најави проверка на информациите. Се’ уште постојат само „првични проценки“. Обама нагласи дека би морало да се размисли пред да се делува.

Политичките набљудувачи во Вашингтон во овој контекст укажуваат на Ирак. Американските сили во 1993 година навлегоа во земјата, откако тајните служби јавија дека тогашниот властодржец Садам Хусеин располага со оружје за масовно уништување. Овие информации подоцна се покажаа како погрешни.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја повика владата во Дамаск, да допушти во земјата да влезат експерти за хемиско оружје на ОН и да им дозволи „целосен и неограничен пристап“. Тим на ОН веќе со недели е подготвен за еден таков ангажман. Експертите би можеле да го започнат својот ангажман во рок од 48 часови, се вели во ОН.

Дамаск ги отфрла обвинувањата

Режимот на Асад категотрично ги отфрли сите обвинувања и претпоставки,дека употребил отровен гас и одговорноста ја префрли на бунтовниците. Сирискиот министер за информации Омран ал-Суби при посетата на Москва изјави дека спорната ракета била истрелана од место кое го контролираат бунтовниците и се наоѓа во близина на Турција. „Може да се претпостави дека оружјето било испорачано од Турција“. Ал Суби предложи, руски специјалисти да истражат дали евентуално било користенио хемиско оружје.