1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама ги амортизира очекувањата

1 април 2009

Во Лондон почнува самитот на Г20. Шефовите на држави и влади бараат решение за ефикасно надминување на светската економска криза. На првите средби со своите колеги, претседателот на САД предупреди од преголеми очекувања.

https://p.dw.com/p/HOIT
Фотографија: AP / CC_Marcin n_nc

САД и Русија имаат намера да го поттикнат процесот на нуклеарно разоружување во светот. Американскиот претседател, Барак Обама и неговиот руски колега, Дмитри Медведев денеска (01.04.2009), во Лондон договорија почеток на преговори за остварување на оваа цел. Намерата е да се намали бројот на нуклеарни боеви глави под нивото договорено во 2002 година, појаснија двајцата претседатели на нивната прва средба на маргините на самитит Г20. Инаку, станува збор за договорот наследник на договорот за разоружување „Старт 1“, што истекува на крајот на годинава.

Заеднички мерки против економската криза

Barack Obama und Gordon Brown in der Downing street in London
Барак Обама и Гордон Браун во ЛондонФотографија: AP

Претходно американскиот претседател Барак Обама се сретна и со британскиот премиер Гордон Браун со кого упатија порака до водечките економски сили во светот: да преземат брзи и заеднички мерки во борбата против тешката економска криза. Светот е навикнат во САД да гледа конјуктурен мотор, но Америка не може сама да ја надмине кризата, рече Обама по средбата со Браун денеска во Лондон и подвлече: „Соочени сме со најтешката економска криза по Втората светска војна. Глобалната економија е толку фундаментално поврзана што на предизвикот ќе можеме да одговориме само заеднички. Не можеме да отвориме нови работни места дома долку не си го завршиме нашиот дел од работата во поддршката на силни и стабилни пазари ширум светот,“ рече Обама.

Светот очекува резултати

Британскито премиер Браун очекува тешки преговори на самитот на Г20 во Лондон. Но, светот очекува јасни резултати. Ако не делуваме, ситуацијата ќе се влоши, предупреди Браун. За разлика од големата депресија во 30-те години, меѓународната заедница овојпат заеднички се соочува со кризата.

Barack Obama in der Downing street in London bei Gordon Brown
Американскиот претседател на разговори со британскиот премиерФотографија: AP

Владите од светот инвестираат преку два билиона долари за заживување на економијата, рече премиерот Браун: „Мораме да останеме обединети во нашата определба да сториме се’ што е неопходно. Ова е финансиска криза каква што досега немало, луѓето ги губат домовите, работните места, дури и надежта. Претседателот Обама и јас денес постигнавме согласност дека мерките што ги преземаме се глобални решенија за глобалните проблеми.“

На самитот Г20, според британскиот премиер, покрај натамошни мерки за заживување на конјуктурата, потребно е да се усвојат и регулаторни системи за светската економија. Без контрола економијата нема да се опорави, смета Браун. Британскиот премиер изрази и надеж дека францускиот претседател Никола Саркози, нема да го напушти самитот, како што се закани, доколку во Лондон не се постигне согласност за нови правила во финансискиот сектор.

Автор: АТ / ДВ / Агенции

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема