1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама бара обновување на блискоисточните преговори

АТ/ дпа/ап/афп/ртр21 март 2013

На вториот ден од посетата на американскиот претседател Барак Обама во преден план стои мировниот процес меѓу Израел и Палестинците. Во Рамала меѓутоа го дочекаа разочарани партнери.

https://p.dw.com/p/1827k
Фотографија: Reuters

По шарм-офанзивата на американскиот претседател Барак Обама во Израел денеска му престоеше непријатна посета на Западниот брег, и покрај пријателскиот прием од страна на претседателот на Палестинците Махмуд Абас (на фотографијата горе). Разочарувањето кај Палестинците поради тесното партнерство за Израел е големо. Абас затоа лично за себе и за палестинските автономни власти пред кратката посета забрани секаква изјава. 

При средбата во Рамала Обама нагласи дека Палестинците заслужуваат, да можат слободно да се движат и нивните деца да може да растат достоинствено. САД затоа се залагаат за автономна Палестинска држава. Американскиот претседател Обама апелираше до Палестинците, да ги обноват мировните преговори со Израел и покрај градењето на населбите. Во поинаков случај неможе да се напредува, рече Обама во Рамала.

Мирот меѓу Израел и Палестинците не би требало да биде постигнат со насилство и населби. Исто така опсади, апсења или негирање на правата на бегалците не се вистинскиот пат до целта, рече Обама. Набљудувачите меѓутоа не очекуваат дека американскиот претседател веднаш ќе ги урне неговите напори за подобрување на американско-израелските односи со критика за владата во Ерусалим.

Претседателот на Палестинците Абас од своја страна рече дека Палестинците имаат право на слобода и напредок и независна држава.

Израелско-палестинските мировни разговори се замрзнати од 2010 година. Палестинците како предуслов на обновување на прегогорите бараат запирање на изградбата на израелските наслеби. За тоа Израел не е подготвен.