1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НСУ-терористичката ќелија имала многу поддржувачи?

АТ/ дпа/ афп24 март 2013

Мрежата на терористичката ќелија НСУ очигледно била поголема отколку што се претпоставуваше. Опкружувањето на групата од Цвикау, според германски медиуми, броело речиси 130 лица.

https://p.dw.com/p/183Oi
Фотографија: picture-alliance/dpa

Тајна листа на службите за безбедност со нотирани 129 имиња им е доставена на членовите на Истражната комисија за НСУ на Бундестагот, известува весникот „Билд ам Зонтаг“. Како јадро на терористичката група се сметале четворицата обвинети, кои покрај Беате Чепе од средината на април ќе бидат изведени пред суд во Минхен, како и повеќе од десетина други обвинети, против кои се води истрага. Кон ова се надополнуваат голем број помагачи и помагачи на помагачите, кои директно или индиректно имале контакт со осомничените терористи и ги снабдувале со пари, фалсификувани документи и оружје.

Се’уште не е јасно кои лица за контакт на безбедносните служби припаѓале на блиското опкружување на терористичкото трио Националсоцијалистичко подземје (НСУ). Истражната комисија за НСУ на Бундестагот затоа донесе одлука сојузната и покраинските влади  да извршат проверка на новата листа и да утврдат дали на нејзе има имиња на досега неоткриени информанти.

Ова за весникот „Билд ам Зонтаг“ го потврди претседателот на Комисијата Себастијан Едати. „Новата бројка е застрашувачки висока. Сега брзо мора да биде разјаснето, дали меѓу нив имало некои кои знаеле за злосторствата на НСУ и дали имало натамошни контакт лица на службите за безбедност“, рече Едати.

Процес во април

Терористичкото трио Уве Мундлос, Уве Бенхарт и Беате Чепе се товари за десет убиства во периодот од 2000 до 2007 година на осум мали претприемачи со турско потекло, еден со грчко потекло и една полицајка. Истражните органи долго време не ја открија десноекстремната мотивација за овие дела. Двајцата мажи на 4. ноември 2011 година се убија во едно комбе по грабеж на банка во Ајзенах. Против уапсената 38-годишна Беате Чепе, како и против други четворица помагачи на теориристичкото трио, ќе почне судски процес, закажан за 17. април во Минхен.