1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НСА шпионирала и граѓани на САД

АТ/ афп/ ртр/ дпа/ апе16 август 2013

Тајната служба НСА според „Вашингтон пост“ ги кршела првата за заштита на податоците на граѓаните на САД. Контролните извештаи биле разубавувани. Весникот примил тајни документи од екс-соработникот на НСА, Сноуден.

https://p.dw.com/p/19R3f
Фотографија: picture-alliance/Photoshot

Од 2008 година, Националната агенција за безбедност, НСА секоја година на големо го кршела правото на граѓаните на САД за заштита на приватните податоци. Правните компетенции биле надминати и извештаите за надлежните контролни одбори биле фризирани - ова се главните обвинувања во онлјан извештајот на „Вашингтон пост“. Весникот се повикува на една експертиза на НСА и други тајни документи. Изворот повторно е поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден.

Интерната истрага од мај 2012 само за изминатите дванаесет месеци наведува 2776 случаи. Притоа станувало збор за „недозволено собирање и меморирање на правно заштитена комуникација, недозволен пристап или недозволено проследување на податоци“, пишува „Вашингтон пост“. Освен ова во еден документ се докажувало дека соработниците на НСА биле инструирани да ги разубавуваат извештаите за Министерството за правда и канцеларијата на координаторот на тајните служби на САД. Конкретни детали во нив биле заменувани со општи изјави.

Во еден случај тајната служба го затаила ненамерното надгледување на граѓани на САД. Во 2008 година биле надгледувани „голем број“ повици од главниот град Вашингтон. Заднина била програмска грешка, според која кога бил биран повикувачкиот број за метрополата - 202- бил помешан со меѓународниот број за повик во Египет - (00)20. Овој случај не им бил пријавен на надзорните власти.

Според извештајот на весникот повеќето прекршувања на прописите биле ненамерни. Во многу случаи соработниците на тајните служби не биле доволно внимателни или не се придржувале до стандардните процедури.

Од јуни годинава беше обелоденета аферата НСА. Комјутерскиот експерт Сноуден на повеќе медиуми им достави детални информации за програмите на надгледување на НСА. Поради овие обелоденувања САД распишаа потерница по Сноуден. Тој во моментов се наоѓа во Русија, каде има едногодишен азил.