1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нојнер, Хартинг и кајак-осмерецот- спортисти на годината

ЖА/дв/сид/дпа17 декември 2012

При изборот за спортисти на годината во Германија, триумф на атлетичарите кои се закитија со злато на Олимпијадата во Лондон оваа година.

https://p.dw.com/p/173pL
Фотографија: REUTERS

Девет месеци по повлекувањето, светската првенка и рекордерка во биатлон Магдалена Нојнер е прогласена за спортистка на годината во Германија. Ова е трето вакво признание за неа. Нејзината победа е уште повредна, зашто на спортистките од зимските спортови ретко им успева ваков пробив - освојување олимписки медал и избор на спрортист на годината во иста година . Тоа последен пат и‘ успеа на Катја Зајцингер во 1996 година. Од спортистите титулата ја доби олимпискиот победник во фрлање диск, Роберт Хартинг. Тој често стигнуваше на насловите во весниците поради својата навика по победа да го симне трикото од градите раскинувајќи го и така да им се прикаже на фотографите. Хартинг зад себе го остави светскиот првак во Формула 1 Себастијан Фетел, кој заврши на второ место.

Olympia 2012 Rudern Achter
Осмерецот-победник од ЛондонФотографија: dapd
Helsinki Leichtathletik EM Diskuswerfen Robert Harting
Роберт ХартингФотографија: Reuters
Magdalena Neuner
Магдалена НојнерФотографија: picture alliance / dpa

Од екипите, титулата најдобра ја однесе победничкиот тим од Олимписките игри во Лондон во веслање - кајак-осмерецот. Ова е резултатот од гласањето на околу 1500 германски спортски новинари. Наградите на носителите им беа врачени синоќа (16.12.2012) во Баден-Баден.