1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Носталгични скијачи

Јулиа Шлегел / Александра Трајковска 12 февруари 2013

Како се скијаше некогаш? Каква облека носеа скијачите? На далечните денови на скијачкиот спорт неодамна во Баварија потсетија група млади ентузијасти.

https://p.dw.com/p/17Xmh
Ski

Колку постари, толку подобро! Под ова мото се сретнаа 100 скијачи во малото баварско место Крин. Тие по патеката се спуштаат со историски дрвени скии. И, исто така носат соодветна носталгична облека. Сосема исто како и нивните баби и дедовци. Идејата се роди во месното Здружение на ергени. Затоа на натпреварот смееjа да учествуваат само немажени девојки и неженети момчиња. Сите имаат почит пред слаломот.

„Да, оди. Едноставно морам добро да стојам на скиите.“

„Интересното кај оваа трка е што дури и добрите скијачи изгледаат смешно, кога се спуштаат надолу со овие дрвени штици“.

Најголемата пречка за многумина е малата скокалница кратко пред целта. Имено само оној кој ќе и’ пријде со доволно темпо, може далеку да скокне. Но, за тоа е потребна и вистинска техника.

„Да важно е да може правилно да ја префрлите тежината, тогаш ќе може и да се фати кривината, или пак не.“

Но, полесно е да се каже, отколку да се направи.

Најдобро на крај излегува оној, кој добро владее со стаповите. Но, и покрај тоа, тие се предмет на смеа.

„Момче дај гас!“

„Види како трепери. Тој трепери. Бедрата треперат!“

До целта сепак стигнаа сите - иако секој на свој начин.

„Тие се толку брзи, ова може да биде само подобро!“

Како најдобро се спушта по патеката на тенките дрвени штици, на мажите им покажа една жена. 23-годшната Керстин овојпат победи на носталгичната скијачка трка. Има и реванш, но дури идната година.