1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Норвежани со песна протестираа против Брејвик

ЖА/СН/дпа/макфакс26 април 2012

Десетици илјади Норвежани на улиците на Осло денеска (26.04) со песна протестираа поради масовното убиство кое што го изврши Андерс Беринг Брејвик.

https://p.dw.com/p/14lTJ
Фотографија: dapd

На централниот плоштад во Осло се собраа околу 40.000 луѓе кои ја испеаја песната „Деца на виножитото“ од седумдесеттите години-норвешка верзија на песната на американскиот фолк пејач Пит Сигер, за која Брејвик рече дека служи за перење на мозокот на младите Норвежани.

На судењето на Брејвик кое денеска продолжи, своите потресни сведочења ги изнесоа преживеаните од масакрот. Брејвик призна дека на 22. јули минатата година во Осло и на островот Утоја уби 77 луѓе, но дека не сака да сноси кривична одговорност.

Целта на судењето кое би требало да трае 10 недели, е да се констатира дали е пресметлив, со оглед на тоа што до судот се доставени два психијатриски извештаи со целосно различни наоди.

Петчлениот судски совет ќе донесе одлука во јули. Доколку биде прогласен за пресметлив, би можел да биде осуден на 21 година затвор и таа казна би можела да се продолжува на неодредено време. Ако експертите, меѓутоа, заклучат дека е ментално болен, би можел да биде затворен во психијатриска установа до крајот на животот.