1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нокија си “оди“

Јоханес Кирш16 јануари 2008

Производителот на мобилни телефони, Нокија, најави дека ќе го запре производството на мобилни телефони во германскиот град Бохум ова лето и дека ќе затвори 2 300 работни места. Синдикатите бараат решение.

https://p.dw.com/p/Cqxw
Фотографија: AP

Во халите на Нокија во Бохум производството е запрено. Погодените 2 300 работници се вџашени од најавите на раководството на концернот. Тие се како парализирани. Дел од нив се бесни. Сите надежи се свртени кон преговорите што сега ќе ги води советот на претпријатието на Нокија во Бохум: “Сеуште се надеваме дека преку советот на претпријатието ќе дојдеме до компромис. Можеби подолго работно време, скусување на платите, само некако да се задржи производството овде. Некако човек не може да се предаде така.“

Раководството и синдикатите разговараат за тоа како може да се реагира. Улрике Клајнебрам, од синдикатот ИГ-метал бара поддршка од политиката: “Се разбира мораме да развиеме прецизна стратегија за тоа што ќе преземеме натаму. “

Премиерот на германската покраина Северна Рајна Вестфлаија, Јирген Ритгерс, го предурпеди финскиот концерн да не го запира производството во Бохум. Германија е еден од најголемите светски пазари на мобилни телефони. Доколку се добие впечаток дека Нокија сака само да касира пари од субвенции, тоа може да и‘ наштети на имиџот. Ритгерс го отфрла аргументот на Нокија дека трошоците за придонеси за работниците во Германија се превисоки. Тој вели дека тоа не може да биде главна причина за решението на Нокија, зашто трошоците за придонеси изнесуваат под 5% од вкупните трошоци. Покраината веќе разгледува можност да ги бара назад субвенциите што и‘ се дадени на Нокија. Северна Рајна Вестфалија платила 60 милиони евра, а сојузот 28 милиони.