1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов шеф на Светската банка

1 јуни 2005

Вчера, по десет години, директорот на Светската банка Џејмс Волфенсон се прости од функцијата, а како негов наследник стапи досегашниот американски заменик министер за одбрана Пол Волфовиц:

https://p.dw.com/p/AeOg
Пол Волфовиц, новиот директор на Светската банка
Пол Волфовиц, новиот директор на Светската банкаФотографија: AP

Волфенсон важеше за пријател на сиромашните во светот. Во Африка е попопуларен отколку одделни претседатели на држави, а и експертите за развој во целиот свет му даваат одлични оценки. На пример, германската министерка за економска соработка Мари Вичорек Цојл:

„За Волфенсон важИ дека ја отвори светската банка и ја насочи кон битката против сиромаштијата, но и самиот се залага за мир, толеранција и соработка. Според мене, тој е еден од малкумината глобални водачи кој уживаше доверба на сите континенти„.

Наспроти него, Пол Волфовиц пред се го бие глас дека е чист застапник на американските интереси. Тој е свесен за својот имиџ како еден од архитектите на војната во Ирак и како тврдокорна личност во администрацијата на Буш. Во разговорите во целиот свет пред стапувањето на должност, вложи големи напори да биде прифатен:

„Мислам дека кога станува збор за совладувањето на сиромаштијата, сите сме единствени. Јас можам да слушам и многу од тоа да прифатам„.

Волфовиц важи за исклучително интелигентен. Искуство со земјите во развој има барем од времето кога беше американски амбасадор во Индонезија. Под негово воство во наредните години Светската банка ќе мора да донесе значајни решенија. Дали банката треба повеќе да доделува помош или само кредити? Како ослабените државни буџети на индустриските земји ќе обезбедуваат нови извори за развојна помош? Прашања за кои владеат дијаметрално спротивни мислења. Волфовиц, покрај подготвеноста на компромиси и дијалог, ќе мора да покаже и лидерски квалитети. Особина што веројатно ја научил во годините во американското министерство за одбрана:

„Ова е мисија во која се бара лидерство и јас се чувствувам подготвен тоа го демонстрирам„.