1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов премиер во Тунис

ЖА/дв/миа15 декември 2013

Досегашниот министер за индустрија Мехди Џома треба да ја предводи новата експертска влада во Тунис. Тоа по долги преговори го договорија владејачките исламисти и опозициските партии.

https://p.dw.com/p/1AZvS
Фотографија: AFP/Getty Images

Министерот за индустрија Мехди Џома е новиот премиер на Тунис, откако за тоа, по долги преговори, се согласија владејачката, исламистичка партија Енахда и опозицијата. Мехди ќе раководи со владиниот состав до изборите во земјата, предвидени за идната година. Тој беше еден од шестемина кандидати за кои требаше да се одлучат претставниците на владејачката партија и на опозицијата.

Пробив во преговорите беше направен во четвртокот, откако двете страни се согласија за привремен премиер да се избере умерен исламист.

Тунис е во длабока политичка криза по убиството на двајца истакнати политичари од опозицијата. Во февруари годинава беше убиен истакнатиот туниски левичар Шокри Белаид, а во јули, опозицискиот политичар Мохамед Брахими. Нивните убиства предизвикаа интензивни антивладини демонстрации. Партијата Енахда ги осуди двете политички убиства, но опозицијата ја обвинува власта дека не прави ништо за да го спречи делувањето на радикалните исламисти. Согласноста на власта и на опозицијата околу привремениот премиер на земјата, може да стави крај на долгата политичка блокада во Тунис.