Нов предлог-закон за казнување лица кои се обучуваат и планираат терористички напади
18 септември 2007Реклама
Кој се обучува за кривично дело во некој терористички камп во иднина може да биде казнет со казна во висина до 10 години затвор, предвидува предлог-законот што денеска во Берлин го претстави министерката за правда, Бригите Циприс. Предуслов за изрекување на казната е обвинетиот навистина да планирал напад. Доколку лицето само престојувало во кампот, нема да подлежи на казна, изјави Циприс. Освен тоа, казниво дело би требало да биде и производството на оружје или на материјали за планирани атентати. Со казните треба да бидат опфатени и финансиери на напади.