1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов почеток за „Ескада“?

25 ноември 2010

Во улицата со најлуксузни продавници во Минхен повторно е отворен и бутикот на германската марка „Ескада“. За Бруно Зелцер, патот на спасувањето на марка се покажа потрнлив, отколку што можел да претпостави.

https://p.dw.com/p/QGgi
Фотографија: AP

Сопственик на „Ескада“ е Индијката Мега Митал од семејството на кое му припаѓа и најголемиот светски концерн за челик. Таа ја купи модната марка минатата година, кога „Ескада“ се најде во стечај. Бруно Зелцер, кој порано фирмата „Хуго Бос“ ја направи светски позната марка, дојде за раководител на „Ескада“ пред две години за да ја санира. Во неа инвестирал и три милиони евра сопствени пари, но никој, па ни тој самиот, не сметал дека „Ескада“ ќе се најде во стечај. „Јасно е дека не ги загубив парите доброволно. Тоа беа навистина многу пари. Од друга страна, јас не живеам од парите. Хоби ми се трчање, фудбал и фитнес-тренинг, а тие не бараат многу пари“, вели Зелцер.

16.11.2011 DW-TV MIG Made in Germany Escada
Фотографија: DW-TV

Тој успеа барем да ги задржи најголемиот дел од околу 2 илјади работни места. Сега има за цел наредната година да постигне позитива во работењето. „Комплексноста на палетата модели ја намаливме за околу 30 проценти, но модниот израз е појасен и повторно повеќе ’Ескада‘, каков што беше во времето на големи успеси“.

Flash - Galerie ESCADA 6
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Зелцер не сака познато дизајнерско име, туку моделите ги креира тим предводен од Бетина Хамерл, кому му остава многу простор за фантазија. Моделите се скапи - една јакна чини 900 евра, а се произведуваат само илјада примероци. Фустаните се шијат во Словенија. Рачно шиен фустан чини 12 илјади евра. Сепак, основна цел е производите да се достапни за добростоечки среден слој. Колекциите на неговиот претходник тешко се продаваа. Со својата колекција за 2011 Бруно Зелцер мора безусловно да постигне полн погодок.

Автор: Кристијан Прицелиус/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска