1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов поттик за блискоисточниот дијалог

5 октомври 2011

Расте притисокот врз Израел за повторно започнување на мировните преговори

https://p.dw.com/p/12lmb
Фотографија: dapd

Претставниците на Блискоисточниот квартет (Русија, ОН, ЕУ и САД) ќе се состанат в недела во Брисел во oбид за повторно поттикнување на израелско-палестински дијалог. Квартетот на 23 септември предложи рокови за продолжување на мировните преговори кои беа прекинати пред една година. По поднесувањето апликација во ОН за признавање независна палестинска држава од страна на претседателот на Палестинците, Махмуд Абас, врз Израел расте притисокот за повторно започнување на мировните преговори.

Парламентарното собрание на Советот на Европа во меѓувреме реши на Палестинскиот национален совет да му додели статус на „партнер за демократија“. На овој начин Советот на Европа сака да го поддржи развојот на демократските структури во палестинските области.

Автор: ЖА/дв

Редактор: Симе Недевски