1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов пораз на Буш

30 јуни 2006

Коментар на Даниел Шешкевиц

https://p.dw.com/p/Ac5L
И покрај одлуката на Врховниот суд, Гвантанамо нема бргу да биде затворен
И покрај одлуката на Врховниот суд, Гвантанамо нема бргу да биде затворенФотографија: DW

Врховниот суд во Вашингтон вчера го прогласи за противуставен вонредниот суд на Гвантанамо установен од престедателот Џорџ Буш. Победа на правната држава.

Највисокиот американски суд повторно му одржа лекција на претседателот Буш за да укаже на тоа дека Соединетите Американски Држави се тоа што се: функционална правна држава и во времето на терористичките закани. Со решението во случајот „Хамдан против Рамсфелд„, судот го прогласи за противуставен судот на Гвантанамо востановен од претседателот. Судиите притоа се повикаа на Женевската конвенција потврдувајќи дека и САД се обврзани на меѓународно важечките правни норми. Во тоа е содржано засилување на меѓународното право што во последните години беше непочитувано од страна на претседателот Буш. Врховниот суд исто така реши дека и американскиот конгрес во воени состојби не може да биде изземен во носењето решенија од правните обврски. Со тоа судиите ја засилија легислативата, принудувајќи ја владата на потесна соработка со паралментот. Сега ќе мора да се најде излез од правниот ќорсокак во кој се втурна престедателот Буш по терористичките напади од 11 септември 2001. Претседателот веќе најави дека би можел да го искористи републиканското мнозинство дополнително да обезбеди правна основа за воените судови што сега недостига. Тоа би бил погрешен пат. Зашто и досега практикуваното вонредно право е грешка сама за себе, бидејќи и терористичките дела можат да се судат според важечките закони. Според тоа, владата ќе мора на затворениците на Гвантанамо конечно да им го признае стаусот воени затвореници. Од тие причини пак, сега ќе мора да се прават дипломатски напори за враќање на голем број од затворениците во нивните татковини. Но, и тоа не е без ризици, зашто некои од затворените на Гвантанамо кои неспорно се Талибанци или припадници на Ал Каеда, би можеле повторно да се вратат на военото поле. Освен тоа, каракатерот на државите од кои доаѓа мнозинството затвореници, остава можност за сомнеж дали таму ќе бидат хумано третирани или пак измачувани. Иднината на затвореничкиот логор на Гвантанамо од решението на судот е само индиректно засегната. Негово затворање сигурно нема да се случи бргу, колку и да се посакува. Сега станува збор за тоа повторно да се воспостават правни состојби, за што Врховниот суд упати јасен налог.

Даниел Шешкевиц