1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов пад на берзите

9 септември 2011

Курсевите на германскиот и американскиот пазар на хартии од вредност попладнево забележаа нов пад. Причина е најавата на главниот економ на ЕЦБ, Јирген Штарк дека ќе се повлече од функцијата.

https://p.dw.com/p/12WGM
Главниот економ на Европската централна банка, Јирген ШтаркФотографија: picture alliance/dpa

Ионака несигурните берзи денеска повторно одреагираа со засилени продажби и опаѓање на курсевите. Една од причините е најавата на Јирген Штарк дека предвреме ќе се повлече од функцијата главен економ на Европската централна банка. Тој наведе приватни причини за таквиот чекор, но берзите очигледно се сомневаат дека зад тоа се крие некоја посериозна причина поврзана со кризата на еврото.

Германскиот водечки индекс ДАКС за неколку минути по најавата загуби околу два проценти и попладнево дојде до минус од вкупно 3,5%. Загуби забележа и американскиот водечки индекс Дау Џонс, кој го започна тргувањето со надолен тренд. За реалтивно кусо време тој загуби 1,6%. Еврото пак го достигна најниското ниво во однос на доларот за последните 10 месеци и се менува за 1,3726 долари.

Автор: ГЧ/БГ/дапд

Редактор: Горан Чутаноски