1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов ополномоштеник за сајбер- надворешна политика

Кристијан Игнаци/ Симе Недевски2 август 2013

Интернет активностите се се' почеста тема меѓу државите. И Германија би требало да добие ополномоштено лице кое ќе се занимава со прашањата врзани со виртуелниот свет. Ќе бидат ли така податоците на граѓаните посигурни?

https://p.dw.com/p/19Iha
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ако еден Американец смета дека му е загрозена неговата приватност, тој може да поднесе тужба пред суд. Во обратен случај, еден Германец во САД поради тоа не може да бара правда пред судот. На тоа се жали ополномоштеникот на германската Влада за заштита на податоците и слобода на информациите Петер Шар. Тој оди чекор понапред: меѓународните тајни служби шпионираат во странство и при тоа делумно ги игнорираат законите на државите во кои делуваат. Најнов случај е скандалот за прислушкување кој го вршеше американската тајна служба НСА. Врзоснова на такви примери, Петер Шар заклучи дека по прашање на меѓународна соработка кога станува збор за сајбер активностите, уште многу мора да се направи. „Би се радувал кога прашањето за право на граѓаните би дошло во прв план и тоа на меѓународно ниво. Бидејќи, нашата слобода е масивно загрозена ако сите држави го надгледуваат интернетот применивајќи ги при тоа своите национални закони.“

Изгледа дека сличен став има и германското Министерство за надворешни работи. Министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле за првпат сака да именува ополномоштен за сајбер активностите. Оваа функција би требало да ја преземе Дирк Бренгелман (насловна фотографија), соопшти Министерството. Овој искусен дипломат до неодамна беше советник за безбедносно-политички прашања на генералниот секретар на НАТО алијансата.
Повеќе информации не се соопштени. На прашањето на ДВ, какви конкретно задачи во иднина би требало да има Бренгелман, министерството испрати соопштение во кое само се вели дека „одлуката на шефот на дипломатијата Вестервеле да воведе едно вакво службено место, ја отсликува растечката потреба во решавање на прашањата врзани за сајбер активностите. Дирк Бренгелман на меѓународно ниво ќе ги застапува германските сајбер интереси“, се наведува покрај останатото. Заштитата на сајбер просторот секако на меѓународно ниво во следните години и децении ќе стане приоритет.

Symbolbild Hacker Cyberkriminalität
Фотографија: Fotolia

Политичарите мора да дејствуваат, а не само да зборуваат“

Стручњакот за заштита на податоци и правник Мартин Фетер смета дека одлуката за именување на ополномоштеник за сајбер активностите е правилна но дека тоа не е доволно: „Не ни е потребен ополномоштеник за сајбер  политика кој работи дипломатски, туку ни е потребен одбранбен сајбер центар. Ако тогаш се именуваат одговорни за таа функција, тие требаат да бидат од компјутерските кругови, а не од дипломатските“, вели Фетер.
Меѓутоа за да се подобри заштитата на податоци во Германија, Фетер смета, дека мора да се изврши измена на досегашните правила. Така на пример мора да се укине договорот за размена на податоците на патни цитево авионскиот сообраќај. Тој договор кој го одобри ЕУ, на САД им овозможува пристап до личните податоци на сите авиопатници во Европа. Тука е и американската програмата за прислушкување наречена Присм. „Германија мора јасно да им стави до знаење на САД дека тоа така не оди“, вели Фетер. „Најпрво е важно да се изработи концепт кој ќе овозможи подобра заштита на податоците на граѓаните во дигиталното време“, гласи ставот на пак на ополномоштеникот на германската влада за заштита на личните податоци, Петер Шар.
 

Symbolbild USA Geheimdienst Überwachung Internet Spionage Datenspionage
Фотографија: picture-alliance/dpa