Нов музеј на модерната литература во Марбах
13 јануари 2006Британскиот архитект Дејвид Чиперфилд неделава ја претстави во Марбах новоградбата во која ќе функционира музејот на Модерната литература . Станува збор за конструкција од бетон и тропско дрво што беше финансирана како од сојузната Влада така и од властите во покраината Баден Виртенберг . Во новата зграда сега има дволно простор , за да биде презентирана лидературата од 20-иот и 21 век . Новиот Музеј на модерната литература накратко ќе се нарекува ЛиМо и претставува единствен музеј од ваков вид во Германија:
Тој е изграден во непосредна близина на Националниот Шилеров музеј и Германскиот книжевен Архив: Литературата од 18 и 19 век во една зграда , онаа од 20 и 21-иот во друга . Без сомнение на тој начин во марбах е создаден еден литературен центар без преседан. Улрих Раулф , директорот на Германскиот литературен архив објаснува
„ Ова ќе биде нашиот втор голем Музеј во Шилеровиот крај . Првиот е Шилеровиот Национален музеј од 1903 година . Во фокусот меѓутоа на изложбените практика на овој музеј разбирливо секогаш се наоѓа „Шилер и неговото време“ .
Овој нов музеј од другастрана ќе биде насочен кон литературата на 20-иот век , која во меѓувреме чини голем дел од нашиот документационен фонд . 80 од нашата архива не ја сочинуваат „Шилер и неговото време “ туку токму литературата од 20-иот век . Истотака и 80-насто од корисниците што доаѓаат кај нас , работата со архивските материјали од 20-иот век а веќе и од првите години на 21-иот век . Токму овој Овој временски простор , временскиот простор на литературната Модерна ,му е посветен новиот музеј“
Музејот на модерната литература ќе се простира на 1000 квадратни метри . Во него ќе биде понудена една трајна поставка со голем број важни книжевни дела кој досега беа чувани во Германскиот книжевен архив во Марбах, како и голем број времени изложби.
Без сомнение зградата на новиот музеј преставува едно извонредно здание за средби со литературата:
„ Ќе биде понудена една голема трајна поставка за литературата на 20-иот век и прокрај тоа времени изложби. За нив мпостојат три големи простории во зградата . Ќе развиеме и нов план за нашите изложби. Самито факт што во иднина ќе имаме два музеја и тоа два толку различни музеја еден покрај друг , од нас бара да развиеме нова кореографија за изложбите“ – истакнува Улрих Раулф.