Нов компромисен предлог за името?
1 мај 2008Во Македонија се испратени нови пораки од Вашингтон, Брисел и од Њујорк по средбата на медијаторот во грчко македонскиот спор околу името, Метју Нимиц. Тој ќе дојде повторно во Скопје и во Атина по неговите денешни средби со грчкиот преговарач во спорот Василакис. Не е исклучено по 15 јуни и забрзано конституирање на Парламентот и владата, Нимиц да дојде до нов предлог за компромисно име, како услов до 9 јули да се фати приклучок со Албанија и Хрватска за прием во НАТО. Додека дипломатските канали засега не објавуваат информации, македонското јавно мислење е под влијание на предизборната кампања.
Меѓу македонските експерти ианку се повеќе се пласираат мислења дека и без прием во НАТО, за Македонија не постојат безбедносни ризици. Во Македонија постои и сомнеж дали е Грција искрена во намерите да се постигне компромис околу името.