1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов земјотрес на Суматра

14 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BfoU

Индонезискиот остров Суматра повторно е погоден од земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала. Властите прогласија опасност од цунами бранови, која во меѓувреме е повлечена. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 160 километри југозападно од градот Бенгкулу. Според последните информации бројката загинати од досега најсилниот потрес во средата, со јачина од 8,4 степени е 13 лица.