1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ново од Израел: велосипед од картон

Таниа Кремер/ Жана Ацеска26 август 2013

Едно израелско претпријатие сака да произведува велосипеди од рециклирачки картон, отпорни на дожд и вода. Планот е истовремено да им се помогне и на земјите во развој, кои за разлика од Запад, треба да платат помалку.

https://p.dw.com/p/19S1E
Фотографија: DW/S. Braun

Секогаш кога Нимрод Елмиш се вози со својот светлосен велосипед на пристаништето во Тел Авив, луѓето се наоѓаат во чудо. Неговиот велосипед не само што изгледа, туку навистина е необичен.

Велосипедот се вика „Прототип број 7“, а е составен од картон, пластика и гума, се‘ што може да се рециклира.

„Нашата идеја е отпадот, што го има насекаде и со кој што човек не знае што да прави, да се искористи за еден производ. За тоа ни треба повеќеслоен картон, пластични шишиња и гума. Првиот производ од ваков рециклирачки отпад е велосипед. Тој истовремено е и најтежок за правење“, вели Нимрод Елмиш.

Со тоа израелската старт-ап фирма Кардборд Технолоџис сака да го протресе пазарот за велосипеди, пред сѐ во земјите во развој. Зашто, трошоците за материјалот се мали, околу осум евра.

Картонот служи за рамка, тркалата се од стари авто-гуми, а осовината на погонот од пластични шишиња. Лак според строго таен рецепт штити од вода и оган. Претприемачкиот концепт гласи - поврзување на бизнисот со социјална акција.

Нашиот концепт е - продавање по различни цени. Ние ќе ги продаваме велосипедите во западните земји, со цел во земјите со развој да можеме да ги делиме речиси бесплатно“, истакнува Нимрод Елмиш.

Велисипедот сѐ уште е во тест фаза. Но, крајно при пробното возење сомнежите за практичноста се растерани. Бројот љубители на картонскиот велосипед не расте само во Тел Авив, иако тука ќе чини околу 80 евра. Производителите можеби не измислија наново велосипед, но пронајдоа барем еколошка иновација.