Ново истекување радиоактивна вода од Фукушима
20 февруари 2014Ново истекување на 100 тони високо радиоактивна вода е регистрирано во нуклеарната централа „Фукушима“, соопшти денеска јапонската компанија оператор со централата.
Радиоактивната вода повеќе не истекува од резервоарот за складирање, потврди портпаролот на компанијата „Токио електрик енерџи“.
„Бидејќи нема дренажа во близина на истекувањето, кое е далеку од океанот, мала е веројатноста дека радиоактивната вода го нашла патот до морето“, истакна портпаролот на компанијата.
Истечената вода била со висока радиоактивност, со регистрирано бета зрачење од 230 милиони бекерели на литар. Резервоарот, кој е еден од стотината што се користатат за чување на контаминираната вода во процесот за ладење на оштетените реактори, се наоѓа на околу 700 метри од брегот.